Радио Милева
горда на дада...

Тијана наместо Тамара: Вака звучи евровизиската „Proud“ кога на сцена ја пее постарата сестра!

Тијана наместо Тамара: Вака звучи евровизиската „Proud“  кога на сцена ја пее постарата сестра!

Првите месеци од годината на  Тијана Дапчевиќ навистина и носат радост и среќа. Таа најпрвин го прослави својот четириесет и четврти роденден, а потоа го славеше и единаесеттиот роденден на својот син Вук, притоа покажувајќи се не само како добра мајка, туку и како жена – домаќинка, приготвувајќи му убава роденденска торта на славеникот.

Едноставно Тијана во последно време има навистина добра причина да биде горда на себе и своето семејство. Но, деновиве македонската пејачка со белградска адреса на живеење имаше причина плус за гордост. Овој пат најмногу горда на сестра и Тамара.

Најпрвин заради солидно обавената дебитантска улога на една од водителките на последните МАЦ регионални музички награди во Белград, а потоа како што самата рече, заради најспектакуларната песна во изминатата 2019 година, евровизиската „Proud“ со која Тамара и го донесе надобриот пласман на Македонија во историјата.

Токму во таа чест Тијана на српскиот избор за Песна на Евровизија односно „Беовизија 2020“ застана на сцената и  како специјална гостинка гордо ја отпеа  „Proud“.

Верзија ништо поразлична на оригиналната, но изведена со малку поинаков жар, поинаква емоција и со поинаква енергија…

Но, со експресија која исто толку, колку и онаа при изведбата на Тамара буди морници кога ќе ја слушнете. Тијана горда на на Тамара, но, затоа Македонија  е горда што ги има сестрите Тодевски.

Тијана наместо Тамара…  Вака звучи евровизиската „Proud“ кога на сцена ја пее постарата сестра!

Останати вести од Радио Милева