Радио Милева
ѕвезда за респект

Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора дочекана како вистинска „жена од султана“, а пејачката покажа дека има и глас и стас, ама и душа широка (ВИДЕО)

Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора дочекана како вистинска „жена од султана“, а пејачката покажа дека има и глас и стас, ама и душа широка (ВИДЕО)

Вчеравечер,  14. август 2022 година (недела)  се одржа завршната вечер на која  се одигра големото финале, на кое беа прогласени победниците и доделени наградите на најдобрите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ во с. Глуво, на падините на Скопска Црна Гора.

Настанот кој е е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево, како и на граѓаните на село Глуво и овој пат беше настан за локалното население, но и за многумина кои дојдоа да уживаат во фудбалските мајстории и естрадно-музичкиот  дел на програмата, па не само трибините на фудбалското игралиште, туку и целиот околен простор беше преполн со публика.

Имено, покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот.

Така, годинава  по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, специјална гостинка беше уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која  го увеличи големото финале и повеќе од два часа ја забавува публиката со својот  концертен настап.

Организаторот и мештаните и овој пат се покажаа како повеќе од добри домаќини, а и атрактивната гостинка не само што им возврати со одличен настап, туку со полно срце  покажа дека  има и глас и стас, ама и широка душа!

Имено, во часовите додека се одвиваше финалниот натпревар на турнирот, надалеку прочуениот етно-ресторан „Рибилимус“ ја угости пејачката и нејзиниот музичко-менаџерски тим. Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора беше дочекана како вистинска „жена од султана“.

Специјално подготвената софра од разновидни домашни специјалитети зачинета со името на пејачката направено од букви од тазе месено домашно лепче во фурна. Гест и глетка што никаде ги нема ја воодушевија пејачката која не можеше да ги сокрие изненадувањето и задоволството од несокојдневното и необично топло гостопримство.

Додека Тијана М. и нејзината екипа се гостеа со специјалитетите на куќата, сопственикот на ресторанот ја раскажа приказната за настанокот и декорот од разни семејни етно реликвии во локалот, кои потекнуваат од неговите предци и секоја од нив има свое значење, свое потекло, своја приказна…

Во меѓувреме музиката ја следеше со соодветни песни атмосферата, а пејачката во еден момент погодена од песната, но и од целокупниот амбиент покажа дека има не само глас и стас, туку и широко срце и душа.

Имено, Тијана стана, од паричникот извади евро-банкнота и пријде до колегата музичар кој таа вечер свиреше и пееше во локалот, па го почести со богат бакшиш.

Гест кој на ретко која музичка ѕвезда и се случува, зашто тие се оние кои го собираат бакшишот, а Тијана е една од ретките која знае и да го подели…

Очигледно Тијана М. знае како и колку тешко естрадниот леб  се заработува, па не жалеше да одвои од себе за колегата.

Подоцна уште еднаш истото го стори и еден од музичарите од нејзината придружба, а позитивната атмосфера од  дружбата пред настапот, се пренесе и на самиот настап на пејачката.

Тијана М.  и нејзината музичка придружба дадоа се’ од себе финалето на меморијалниот фудбалски турнир да го увеличаат со одлична забава до доцна во ноќта, а домаќините уште еднаш покажаа колку е нивното гостопримство срдечно и големо.

Фото и видео: Вистина.ком.мк/Приватна архива

 

Останати вести од Радио Милева