Радио Милева
непријатно искуство

Тијана Дапчевиќ проговори за својот здравствен проблем: „Имав болки, ноќе ме будеа грчеви“

Тијана Дапчевиќ проговори за својот здравствен проблем: „Имав болки, ноќе ме будеа грчеви“

Многу жени ќе се поистоветат со проблемот што пред три години го имаше пејачката Тијана Дапчевиќ. Имено, таа се соочила со сериозен облик на проширени вени што ја довел до бројни компликации, а болеста на Тијана Дапчевиќ била толку проблематична што на крајот ја одвела на операција. Таа зборуваше за целото непријатно искуство за да биде инспирација за други жени со слични заболувања.

– Имав крофни на нозете. Така се случува кога ѕидот попушти, а во еден момент попушти, а јас го карактеризирав како да има крофни на нозете. Сепак, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми беа отечени, имав болки, ноќе ме будеа грчеви… Кога правев доплер, докторот ми рече: „Ова требаше да го направиме пред една година, не знам што чекаш. “ – објаснила пејачката, а болеста на Тијана Дапчевиќ во тие моменти и носела се повеќе проблеми додека не одлучила да се оперира.

– На шега сакам да кажам: „Мамо, од тебе не наследив куќа, ниви, кули и градови, туку проблем со вените“, се пошегува пејачката, но болеста на Тијана Дапчевиќ не беше шега. Како што објаснила самата операција не била комплицирана, а и помогнала да реши долгогодишен проблем. Операцијата била направена под локална анестезија, па таа со оглед на тоа дека била будна разговарала со докторот и пеела.

– Двете нозе под локална анестезија и јас, фала богу, немам повеќе проблеми. На секој што е нормален му се чини како комарец да го каснал, но јас не сум нормална. (смеа) Па, се ослободив од огромен проблем, првенствено здравствен, а потоа и естетски, а сега можам да носам кратки здолништа – заклучила Тијана.

фото:Инстаграм/Тијана Дапчевиќ/itsmemina_

Останати вести од Радио Милева