Радио Милева
„Би простила, но не заборавила“

Тијана Дапчевиќ на „Жешко столче“: „Би му простила неверство на Милан“ (видео)

Тијана Дапчевиќ на „Жешко столче“: „Би му простила неверство на Милан“ (видео)

Македонската пејачка, актерка, водителка Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Белград – Скопје.

Таа повеќе од 20 години живее во соседна Србија каде што е во брак со сопругот Милан Дапчевиќ и го има синот Вук. Во Македонија, Тијана доаѓа како поради приватни работи односно да ужива во друштво на нејзиното семејство тука, поточно сестрата Тамара, внуците Дарен и Хана, родителите, пријателите, колегите, така и поради професионални обврски односно најчесто за снимањето на „Преспав“ каде што ја игра улогата на Германката Ула.

Изминатиот период, таа е во Скопје бидејќи се снима шестата сезона од „Преспав“:

Тијана гостуваше во „Жешко столче“ каде што одговараше на разни прашања.

Eднаш си во Скопје, еднаш во Белград, каде си своја на своето?

-Јас имам обичај да кажам дека имам две дома. Во Белград живеам речиси 22 години. Имам таму дом, имам фамилија, имам прекрасно дете, прекрасен сопруг, а овде пораснав. Овде живеав до некоја моја 25 година. И таму сум и овде сум на своето, вели Дапчевиќ.

Тијана во една прилика изјави дека не живее од пеење односно дека нејзиниот сопруг се занимава со земјоделство.

-Последните две години сведоци сме што се случи со нашата бранша. Бевме крајно отфрлени. Сите на своја кожа осетивме дека сме отфрлени. Толку години нашата мисија е да ги забавуваме луѓето и одеднаш се случува и никој не мисли на тие луѓе, на мојата бранша. Конкретно на изведувачите, на музичарите. Сопругот ми е земјоделец и имаме посадено ореви во Сомбор. И од тоа живееме. Да живеев од пеење до сега немаше да си купам ни мајче“, вели Тијана.

Ја  игра улогата на Германката Ула во серијата Преспав, па откри колку лично се поистоветува со Ула Бузалевска.

-Не можам да се поистоветувам со Ула Бузалевска никако и тоа беше предизвик. Огромен предизвик. Единствено нешто што улога и јас го имаме е што сме праведни и што сме добри организатори. Ула е материјалиста, многу и е важно да има гробно место, постојано да има пари, инсистира на тоа Коста да ја сака…

Тијана Дапчевиќ повеќе од 20 години е заедно со нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ со кој живеат заедно од првиот ден на запознавање, а го имаат и синот Вук.

На прашањето, дали оваа дистанца би простила неверство, таа вели:

-Oд оваа дистанца? Би простила, зошто и христијански е да се простува. Би простила, но не би заборавила. Христијански е да се простува, би му простила. Да ме прашеше ова пред 10 години друг ќе беше одговорот. Со Милан сме заедно веќе 22 години, како вчера да се запознаваме и да почнавме да живееме заедно. Милан е едно исклучително сушество, цврсто стои на земјата, чесен човек и мојот ветер во грб. И да направи нешто такво нека е жив и здрав, тоа е. Јас му верувам, не верувам дека би имал потреба од тоа, бидејќи дома има се што му треба, вели Дапчевиќ.

Тијана откри дека синот Вук игра кошарка, но и дека е страшно талентиран за музика.

Таа откри дека по завршувањето на „Преспав“, заедно со уште неколку колешки ќе учестуваа во мјузикл кој ќе се одржи во  Белград, планира и нова песна.

Целото интервју со Тијана погледнете во видеото подолу.

фото: принтскрин/инстаграм/тијана дапчевиќ/јутуб/жешко столче

Останати вести од Радио Милева