Лице в Лице
евровизиска песна

Тијана Дапчевиќ ќе учествува на Беовизија и е потенцијален учесник да ја претставува Србија на Евровизија 2022: „Очекувам добра забава и да слушнеме многу добри песни“

Тијана Дапчевиќ ќе учествува на Беовизија и е потенцијален учесник да ја претставува Србија на Евровизија 2022: „Очекувам добра забава и да слушнеме многу добри песни“

Македонската пејачка со српска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ оваа година ќе учествува на „Беовизија“ односно ќе биде еден од 36-те учесници која ќе бори да ја претставува Србија на Евровизија 2022.

Во интервју за нова.рс, Тијана зборуваше за нејзината нова песна и кои се нејзините очекувања од натпреварувањето.

Оваа година учествувате на Беовизија, кои се вашите очекувања?

-Oчекувам добар провод, добра забава и да слушнеме многу добри песни. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Ни недостига некој фестивал, некоја таква енергија и таква забава. Фестивалите се одлично место да се промовира песна и ми е многу драго што на Беовизија ќе има многу мои колеги, најважно е да има добра музика и добра забава.

Песната ја направи Леонтина, како дојде до тоа да ве одбере вас за изведувач и може ли да ни откриете кој жанр е музиката?

-Е тоа ќе мора да ја прашате неа (зошто ме одбра мене), а мене многу ми е драго што после толку години заедничко дружење и работа на други проекти, конечно реалзиравме некој вид соработка во облик на песна. Песната „Љуби, љуби довека“ е модерна, брза, одговоара на мојот сензибилитет и сум сигурна дека ќе ми допадне на мојата публика.

Како се подготвувате за Беовизија. Дали мислите дека за добар пласман на Евровизија подеднаков е важна и песната и сценскиот настап, или само едното од двете?

-Се подготвувам така што секој ден го поминувам во студио, се додека песната не е готова бидејќи сите кои работиме на овој проект не прифаќаме помалку од совршено. Нон – стоп сум во контакт со шефот на креативниот тим, Амир Алиќ од Сараево – многу креативно младо момче кој го смисли сценскиот настап. Секако, песната е најважна, но ако самата „презентација“ односно интерпретација не е добро смислена, тогаш се паѓа во вода, така да важен е секој детаљ.

Во текот на короната откривте уште една љубов, љубов кон глумата.  Го снимивите ситкомот „Преспав“ , но и игравте во мјузикалот „Весело девојачко вече“. Како дојде до двата проекти?

-Љубота кон глумата ја открив пред короната, уште кога мала се пресоблекував во Македонска опера и балет додека ја чекав мајка ми да заврши со проба. Мојата прва претстава беше „Пукла брука“,а потоа „Где су кокошке“. Тоа го препознаа и луѓето од „Охо“ продукција и така веќе шест сезони играм во „Преспав“ која полни шест години е најгледана серија во Македонија. Претставата „Весело девојче“ е најнова претстава во која играме Ивана Петерс, Зорана Павиќ, Маја Брункер, Јелена Ѓукиќ и ја, а режисерот Раде Вукотиќ е тој кој не собра и ни го понуди овој мјузикл.

Во интервју откривте дека на почекот на снимањето на ситкомот сте имале многу трема. Кој е најдобриот совет кој го добивте од некој од колегите на сет?

-Имав трема бидејќи беше првпат да работам на некој таков проект, но таа брзо исчезна бидејќи имав искуство во глумата, одамна имам искуство пред камери, а околу себе имам прекрасна екипа и на снимањата има многу смеа, бидејќи снимањето трае еден месец, каде што од утро до вечер сме на сет и е нормално да станеме семејество, така да тие месец дена брзо поминуваат и едвај чекаме снимање на следна сезона.

Освен успешна жена во шоубизнисот вие сте успшена мајка и сопруга. Како се борите со професионалите и приватните обврски и успевате се да постигнете? Совет за жените кои можеби не успеаваат во тоа?

-Се може да се постигне ако добро се организирате. Милан и јас уште пред да се роди Вук бевме тим, ние не сме само сопружници, туку и најдобри пријатели и соработници….сè. Секако, кога се роди Вук, се прилагодивме на неговите потреби. Мојот совет до сите жени кои не успеваат во тоа е никако да не мислат дека се помалку вредни од тоа, јас им се восхитувам на сите самохрани мајки, кои успеваат да ги воспитуваат децата, да одат на работа и да ја одржуваат куќата, а денот трае само 24 часа и понекогаш не е доволно за се што треба да направиме. Така да, главата горе, не е крај на светот ако садовите не се измијат во истиот момент и ако валканата облека стои подолго во машина, најважно е да сме живи и здрави и да поминуваме време со децата и со луѓето кои ги сакаме бидејќи се може да се среди подоцна, а времето не може да се врати.

Живееме во дигитално време. Интернетот ни е достапчен 24 часа. Но, освен убавите работи, интернетот може да биде и токсичен. Како вие како мајка на тинејџер се борите со интернет и дали проверувате што гледа вашето дете?

-Не можете да го заштите детето од сè, но може да го научите да размислува правилно и сам да се чува. Од самиот почеток зборувавме со Вук на таа тема и мислам дека е важно да се зборува со децата на таа тема, и секако да се контролира кои сајтови ги пребарува. Треба на детето да му покажете какви коментари има, да го научите да не ги остава податоците, и да му укажете на добрите и на лошите страни, да не дојде до тоа децата да направат се поради лош коментар и секако времето кое детето го поминува на интернет треба да биде ограничено, бидејќи децата ја немаат таа свест и контрола за да самите знаат кога е доста.

Активните сте на интернет платформите, која социјална мрежа најмногу ја сакате, а која мислите дека е најопасна?

-Најмногу време поминувам на Инстаграм, но се занимавам со таква работа и имам профили на сите социјални мрежи, а секоја може да биде опасна ако се користи повеќе од што треба и доколку не се грижиме со кој комуницираме, на кој ги оставаме своите податоци, сè она што веќе го спомнав.

Тијана денес (08.02.2022) во 14часот ќе ја престави песната со која ќе учествува на Беовизија, а можеби и ќе ја претставува Србија на Евровизија 2022 во Италија.

 

фото: Милош Лужанин/инстаграм/tijana.dapcevic/

Останати вести од Лице в Лице