Радио Милева
повторно на евровизиската сцена

Тијана Дапчевиќ ќе учествува на „Беовизија 2022“: Македонската пејачка во трка да ја претставува Србија на Евровизија во Италија

Тијана Дапчевиќ ќе учествува на „Беовизија 2022“: Македонската пејачка во трка да ја претставува Србија на Евровизија во Италија

Овагодинешното издание на Евровизија ќе се случи во Италија.

Србија ќе избере нов претставник и песна преку две полуфиналиња на 3-ти и 4-ти март и големо финале на 5-ти март.

Конкурсот за српски претставник за „Песна на Евровизија 2022“ заврши на 1-ви декември, а на 17-ти декември комисијата за избор ги изгласа композициите кои по електронски пат пристигнаа на адресата на Српската радио телевизија.

Од над 150 композиции, селекциската комисија, составена од музички уредници на РТС, ги преслуша сите пристигнати песни и ги избра следните пејачи и групи и нивните композиции за учество на фестивалот: Наива, Бибер, Марија Мирковиќ, „Gift“, Борис Суботиќ, Марко Николиќ, Бане Лалиќ и МВП, Vasco, Ивана Владовиќ и Јована Станимировиќ, Марија Микиќ, Јулија, Ангелина, ВИС „Лимунада“, Аца Лукас, Игор Симиќ, Гоца Тржан, Сања Богосављевиќ. Душан Свилар, Срџан Лазиќ, Јулијана Винцан, Јелена Пајиќ, Бојана Машковиќ, „Зое кида“, Оркестар на Александар Софронијевиќ, Сара Јо, Миа, Зејна Муркиќ, „Gramophonedzie“, Стефан Здравковиќ, Зорја Пајиќ, „Лифт“,  „Констракта“, Ивона Пантелиќ, „Рошер етно бенд“, Ана Станиќ и „Еутерпа“.

Меѓутоа, сега во трка за претставник на Србија на Евровизија ќе учествува и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ.

Стефан Здравковиќ се откажал од учеството на фестивалот за „Песна на Евровизија 2022“, а композицијата чиј автор е Леонтина Вукмановиќ ќе ја отпее Тијана Дапчевиќ.

-Ве известувам дека композицијата „Љуби свог човека“ која ја испратив до РТС на конкурсот за избор на песна на Евровизија, на која јас сум автор и композитор, нема да ја интерпретира Стефан Здравковиќ бидејќи се откажа, затоа одлучив таа песна да ја пее Тијана Дапчевиќ со текст прилагоден на женски вокал, па така насловот гласи „Љуби, љуби довека“, објасни Леонтина.

По тој повод, се огласи и Тијана Дапчевиќ која на својот „Инстаграм“ потврди дека ќе учествува на Изборот на песна за Евровизија.

-Да, точно е дека ќе учествувам на Бeoвизија која ќе се одржи на почетокот на март. Имам прекрасна песна со наслов „Љуби љуби довека“ , за која музиката и текстот ги пишуваше мојата драга Леонтина Вукомановиќ, а аражманот и продукцијата се на Немања Филиповиќ.

-На секој фестивал досега одев за да ја промовирам песната, па така одам и на овој фестивал. Ќе биде прекрасна журка, ќе учествуваат многу мои прекрасни колеги и едвај чекам да ја слушнете песната бидејќи сум сигурна дека ќе ви се допадне, напиша Тијана.

Дали Дапчевиќ ќе биде победи и ќе ја претставува Србија на Евровизија останува да видиме. Инаку, Тијана ја претставвуаше Македонија на Евровизија во 2014 година со песната „To the sky“.

Што се однесува до изборот на македонскиот претставник на Евровизија, од вкупно 47 композиции селектирани се вкупно шест: Калина Велковска – Кaly со песната „Love and light“,Јон Ајдини – Yon Idy со композицијата „Dreams“,Лара Иванова со песната „Flowers of sorrow“, Виктор Апостоловски со песната „Superman“,  Андреа Коевска – Аndrea со нумерата „Circles“ и Борис Цветановски – Ris Flower со песната „Flying to Berlin“.

Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.

Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

фото: инстаграм/тијана дапчевиќ/јутуб/мрт/ртс

Останати вести од Радио Милева