Љубов и Секс

Тие најмногу сакаат да ‘ѕирнат’ во приватноста на партнерот: Три хороскопски знаци кои се главни во шпионирање

Тие најмногу сакаат да ‘ѕирнат’ во приватноста на партнерот: Три хороскопски знаци кои се главни во шпионирање

Еден магазин во 2020-та година со експерти од „Psychic World“ спровел анкета во која 2.112 лица одговориле на прашањето дали некогаш ги отвориле мобилните телефони и компјутерите на нивните партнери.

Тие потоа биле поделени според својот хороскопски знак, а еве што откриле, кои знаци шпионираат повеќе од другите.

Лав

На прво место се Лавовите, од кои дури 75 отсто признале дека периодично ги проверуваат тајните на своите партнери. Припадниците на овој огнен знак се родени лидери и нема да се двоумат да ги земат работите во свои раце, ако мислат дека тоа е потребно. Со оглед дека Лавовите се независни и имаат харизматична енергија, бараат партнери кои одговараат на нивната личност и кои можат да ги задоволат нивните потреби.

Рак

Анкетата открила дека 71 отсто од Раковите го гледаат телефонот и компјутерот на својот партнер, што и не е изненадување, бидејќи овој воден знак има тенденција многу внимание да им посветува на луѓето кои ги сака. Раковите уживаат да имаат постојан сопатник и се романтични, што може да биде предизвик за партнер кој сака малку приватност.

Риби

На трето место на листата се Рибите со 69 отсто, но кога еднаш ќе ги фатат во шпионирање, повеќе нема да го повторат тоа бидејќи ќе научат лекција. Рибите често дозволуваат да ги понесат чувствата, поради што и имаат повремена потреба да ‘ѕирнат’ во интимата на партнерот.

извор: кармин.точка.мк