Радио Милева
тажна

Тежок период за пејачката: Ана Бекута со емотивен стих од нејзина песна се прости од Мрка

Тежок период за пејачката: Ана Бекута со емотивен стих од нејзина песна се прости од Мрка

Познатиот политичар и партнер на Ана Бекута, Милутин Мркоњиќ Мрка почина на 79 години.

Последната деценија од неговиот живот ја одбележа љубовта со пејачката на народната музика, Ана Бекута која до последен момент беше со него.

По тој повод, Ана Бекута со емотивна порака на „Инстаграм“ се прости од нејзиниот Мрка.

Имено, таа објави фотографија од нив преграни, а во описот стави емотивна порака односно стих од нејзина песна:

-Секој ден од нашата љубов, се два дена сеќавања

Инаку, Ана Бекута на Мрка му ја посвети песната „Фала љубави“.

Пејачката поминува низ тежок период бидејќи за помалку од еден месец ги изгуби колегите Маринко Роквиќ, Мерима Његомир, Марина Туцаковиќ и сега Мрка.

фото: принтскрин/инстаграм/анабекута1

Останати вести од Радио Милева