Радио Милева
холивудската ѕвезда е женет за македонка

Тетовчанката Соња Магдевски е сопруга на Емилио Естевез, брат на контроверзниот Чарли Шин

Тетовчанката Соња Магдевски е сопруга на Емилио Естевез, брат на контроверзниот Чарли Шин

Таа веќе со години е дел од популарното американско актерско семејство. Со својот сопруг Емилио живеат во Малибу, Калифорнија. Но, Соња е далеку од холивудскиот живот.

Македонката од Тетово во Америка ужива во правење вино, а од пред некое време и крафт пиво. Заедно со Естевез поседуваат многу хектари плантажи каде што одгледуваат најквалитетно грозје. Сопственици се на винаријата „Каса Думез“  и на крафт пиварата „Бабис Бир Емпориум“.

Покрај тетовското, Магдевски има и ресенско потекло. По професија е магистер по новинарство, а како хоби го работи блогот „Малибу“. Нејзините семејни бизниси, винаријата и крафт пиварата се прогласени за дел од најбрзорастечките бизниси во Америка.

Емилио и Соња се толку страствени љубители на виното, за што доказ е и нивниот прв состанок.

„На нашиот прв љубовен состанок јас копав дупки, а Соња садеше лозови гранки “, вели Естевез.

Во многу прилики славното семејство се дружи заедно со роднините на Соња од Македонија, а браќата Шин се големи обожаватели на македонска ракија и специјалитети. Тие дури и знаат по некоја пцовка на македонски.

Емилио за разлика од Чарли Шин е многу смирен и семеен човек и тоа е она што ја натерало Соња да се заљуби во него на снимањето на филмот „Боби“ во 2006 година. Емилио пред бракот со Соња, беше во брак со пејачката  и кореограф Пола Абдул, а кратко беше верен и со Деми Мур. Тој има и две деца од Кари Сејли. А од 2006 година е во брак со Соња.

Се зборува дека брачниот пар планира да го прошири својот бизнис и во Европа, а секако и во нашата држава, бидејќи поседуваме најповолни услови за одгледување на грозје.

Останати вести од Радио Милева