Промотер

Теа Трајковска во новата музичка крими приказна едноставно – „Гори“ (ВИДЕО)

Теа Трајковска во новата музичка крими приказна едноставно – „Гори“ (ВИДЕО)

Црн џип, замаглени стакла, киднапирано момче во багажник, леплива лента преку устата и врзани раце се дел од крими-приказната на познатата пејачка Теа Трајковска.

За среќа ова се само кадри од видеоспотот за новата песна со наслов „Гори“.

 

Ова е нејзиното најново музичко остварување, а како за претходните песни, така и за ова, таа се потпишува како автор на текстот, додека пак музиката и аранжманот се дело на нејзиниот долгогодишен соработник, познатиот продуцент Лазар Цветкоски.

Теа за првпат соработуваше со младиот и талентиран режисер Горан Симјаноски, а покрај Трајковска, улоги во спотот имаат и Роберта Цветковска (соучесник на Теа) и Филип Самарџиев (жртва).

„Гори“ е еден од моите најдраги проекти и песна во која многу верувам и ја сакам уште од денот кога имаше само една строфа, а рефренот го направивме цела година подоцна. Мислам дека со спотот одлично го доловивме „вајбот“ и енергијата на песната, а најзадоволна сум затоа што успеавме да направиме стилска промена со Лазе и покрај седум години работење заедно и многу песни позади нас – вели Теа.

Нормално, Теа не запира тука. Таа веќе работи на следниот музички проект, а ако се земе во предвид нејзината музичка историја, факт е дека таа е една од највредните артисти на нашата естрада.

Слушнете, погледнете и уживајте: