Радио Милева
Гранд ѕвездите заедно

Теа Таировиќ повторно ќе жнее во Швајцарија, а на иста сцена ќе настапи и овој Македонец (фото)

Теа Таировиќ повторно ќе жнее во Швајцарија, а на иста сцена ќе настапи и овој Македонец (фото)

Харизматичното момче кое со своето прво појавување на „Ѕвездите на Гранд“ ја воодушеви целата балканска публика и го освои срцето на сите членови на жирито, нашиот маестрален Ристе Ристески во сабота на 3ти декември после цели 6 години повторно ќе одржи заеднички концерт на истата гламурозна сцена со својата атрактивна колешка Теа Таировиќ во Швајцарија.

– Навистина е прекрасно после неколку години повторно да ги видиме на иста сцена, двајцата се млади, талентирани и успешни музичари, за нивните настапи се бара билет повеќе. Во сабота (3ти декември) не очекува вистински спектакл! Музика и шоу какво што подолго не сме виделе. Во нашиот клуб сите сте добредојдени, велат организаторите на концертот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)


Поминати се шест години, но македонската јавност одлично се сеќава на скандалозната одлука која во месец август 2016-та година ја донесоа челниците на најголемата и најмоќна продукција во регионот, продукцијата „Гранд“.

Имено, пред стартот на сезоната 2016/2017 на „Ѕвездите на Гранд“, менаџерскиот тим на нашиот  Ристе Ристески преку соопштение до јавноста ги извести засегнатите страни дека се откажани сите закажани настапи во клубовите ширум Европа,  во наредните 4 месеци поради ексклузивен договор со дискотеката „Палма“ во Швајцарија.

Тогашните сопственици на дискотеката по секоја цена сакале да го забранат појавувањето на Ристе Ристески во конкурентските локали. Во тие месеци друштво на сцената во Швајцарија му правеше токму Теа Таировиќ, а јавноста имаше можност да го види како специјален гостин на неколку мега концерти, меѓу кои и на Аца Лукас во Виена, Австрија.

фото:Инстаграм/Ристе Ристески/Теа Таировиќ

 

Останати вести од Радио Милева