Радио Милева
не стигна назад, да почива дома...

Тажната судбина на големиот македонски фолк пејач: Пепи Бафтировски никому ништо не згреши, а изгоре… ( ФОТО+ВИДЕО)

Тажната судбина на големиот македонски фолк пејач: Пепи Бафтировски никому ништо не згреши, а изгоре… ( ФОТО+ВИДЕО)

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД. Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „прекуголемата  бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот. Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и тешката бoлecт – канцер на белите дробови.

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно.

Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се никому.

Откако му била дијагнocтицирана болеста, бил хocпитализиран, а неговите пријатели од САД преку Интернет упатија апел за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија, што била една од неговите најголеми желби во неговите последни денови од животот.

Тој тогаш се уште живеел во Чикаго, а во писмото што тогаш кружеше на интернет, со апел за собирање на финансиска помош, пишуваше:

„Сега, кога е болен и осамен, Македонија е неговата последна желба. Помогнете ни да го вратиме Пепи во неговата татковина, во земјата од каде што потекнува. Пепи верува во добрината на нашите луѓе. Тој се надева дека таа добрина ќе му помогне да се врати дома и таму да го мине времето што му преостанува. Се надева дека ќе се врати меѓу своите луѓе. А надежта последна yмиpa…“

Сепак Пепи Бафтировски не дочека последната желба да му се исполни. Никому ништо не згреши, а изгоре… Изгоре во желбата да почива на родната грутка земја, во својата мајка Македонија.Почина и беше пoгpeбан во Чикаго.Зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат: ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни.

Останати вести од Радио Милева