Радио Милева
а од кумот жената

Таткото на актуелната задругарка Супер Цвета е во врска со кумата: Лазар живее со поранешната сопруга на Рамбо Амадеус (фото)

Таткото на актуелната задругарка Супер Цвета е во врска со кумата: Лазар живее со поранешната сопруга на Рамбо Амадеус (фото)

Актуелната задругарка Цвета Жарковиќ, која сите ја знаат како Супер Цвета, ја загуби мајка си пред речиси шест години, а нејзиниот татко, белградскиот златар Лазар Жарковиќ, по неколку месеци почна да живее заедно со поранешната сопруга на неговиот кум Рамбо Амадеус. Маќеата на Цвета е Карин Пушиќ, која своевремено беше мажена за популарен музичар.

Добро упатен извор близок до семејството Жарковиќ откри детали од животот на таткото на Цвета и неговата партнерка.

– Лазар и Карин живеат заедно речиси пет години. Кога мајката на Цвета починала, тој по неколку месеци ја донел Карин во својот стан. Тие двајца се познавале долго време пред да стапат во врска, преку нејзиниот поранешен сопруг Рамбо Амадеус. Музичарот и Лазар биле долгогодишни пријатели, а подоцна и кумови – раскажал изворот  и објаснил како Лазар стапил во врска со некогашната кума.

– Рамбо и Карин се разделија и се помирија. Колку што знам не го изневерила со Лазар, се развела пред сегашната врска. Двајцата имаат слични интереси, тоа го знаеле и кога Карин била во брак. Кога се во Србија, живеат во неговиот стан во центарот на Белград, во близина на Славија, а често го поминуваат времето и во Белгија. Тој е познат златар од Белград и е доста богат, често патуваат, а заедничка страст им е возењето мотори – објаснил тој.

Додека, нејзината  пријателка Анѓела,  не сакала да коментира за нејзините родители:

– Со Цвета сме пријателки, но не би коментирала за нејзините семејни работи бидејќи не сум добро информирана за деталите од врската со Карин – објаснила кратко.

Фото: Принтскрин/М.Митровиќ/М.Павковиќ

 

Останати вести од Радио Милева