Радио Милева
Ана

Татијана Стефановска неодамна стана мајка, а сега ја сподели и првата фотографија од ќеркичката (фото)

Татијана Стефановска неодамна стана мајка, а сега ја сподели и првата фотографија од ќеркичката (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/татијана стефановска

Македонската фолкерка Татијана Стефановска пред две недели се реализираше во улогата на мајка.

Токму оваа вест дека ја изненади јавноста со оглед на тоа што немаше никакви наговестувања дека пејачката е бремена и дека ќе има принова во семејството.

Имено, таа на социјалните мрежи споделуваше фотографии од неа, но ниту во еден момент не откри дека е во блажена состојба, ниту пак го покажа трудничкиот стомак.

фото: принтскрин/инстаграм/татијана стефановска

По пристигнувањето на новиот член на семејството, Татијана на социјалните мрежи поточно на својот Фејсбук обелодени дека станала мајка и добила ќерка за која до одбра името Ана.

„Голем си Господе. Благодарни и должни сте ми довека. Ни се роди ќерка. Господ секаде да дава ваква радост“, напиша тогаш на Фејсбук, а под објавата се нижеа честитки од нејзините виртуелни пријатели.

Татијана Стефановска стана мајка: „Голем cи Господе… должни сме ти довека“ (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Стефановска не објавни ниту дека е бремена, ниту пак го покажа трудничкото стомаче, а по породувањето, па досега не објави ни фотографија од наследничката.

Сепак, деновиве во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачката сподели фотографија од бебенцето, поточно не го покажа нејзиното лице туку само малите нозе на бебенцето.

фото: Принтскрин/инстаграм/татијана стефановска

 

Дефинитивно, Татијана ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а допрва им следуваат убави моменти на кои ќе се радуваат.

Инаку, Битолчанка со години е во брак со музичарот Митко Бежановски и Ана е нивно прво дете.

Останати вести од Радио Милева