Радио Милева

Татијана Стефановска како секси бабамразица: Подготвена да ви ја исполни секоја новогодишна желба… музичка, секако! (ФОТО)

Татијана Стефановска како секси бабамразица: Подготвена да ви ја исполни секоја новогодишна желба… музичка, секако! (ФОТО)

Новата Година, прославата и дочекот на највеселата ноќ во годината за обичниот свет е можност да здивне, да се опушти и расположи и секако да си даде надеж посакувајќи си ги себеси и на своите најблиски и сакани, најубавите желби!

За естрадата и естрадните уметници, покрај сето ова Нова Година е и згодна,а ако не и најзгодан прилика за добра заработка! Уште ако на згодната прилика и се придодаде и згодна пејачка, ете можност за тројна среќа: ем газдата на локалот задоволен, ем гостите среќни, ем естрадните уметници „товарени како брод“ си одат дома…! Ама до тоа треба да се дојде…

Татијана Стефановска знае дека рекламата е неопходна… Како што и таа е згодна, неопходна и секси…  А подобра реклама од рекламирањето на сопствениот сексапил – нема! За гласовните можности се знае, ама изгледот постојано се менува.

Затоа, за „новогодишната тезга да запали“, клиентелата треба добро да се „напали“. Името и презимето се секако бренд кој „пали“, понудата на менито и цената исто така, ама на сето тоа на кој начин мора да му се додаде малку секси зачин, за да привлече и повлече… клијентела!

А како поинаку, ако не со примамлива фотографија и скокотлива поза што буди мечти, копнежи и фантазии… затоа Татијана Стефановска реши да се преобрази во секси бабамразица! Цврсто го зграпчи шишето со шампањско кое само што не почнало да прска, а двете чаши… Едната е секако за неа, а другата… Кој да знае?  Дојди па ќе видиш…

Фолкерката беше подготвена да ја исполни секоја новогодишна желба… Музичка, се разбира!

Останати вести од Радио Милева