Радио Милева
„Ана е мило, но пргаво бебе“

Татијана Стефановска ја криеше цела бременост, стана мајка на Ана, а сега проговори за мајчинството: „Ова е најубавата работа што може да се доживее“

Татијана Стефановска ја криеше цела бременост, стана мајка на Ана, а сега проговори за мајчинството: „Ова е најубавата работа што може да се доживее“

Македонската пејачка Татијана Стефановска летото се реализираше во улогата на мајка.

Имено, оваа вест ја изненади македонската јавноста бидејќи пејачката криеше дека е бремена, па на социјалните мрежи не објавуваше фотографии од нејзиното трудничко стомаче.

Татијана и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежановски за првпат се реализираа во улогата на родители, односно добија ќерка за која го одбраа името Ана.

Отогаш целото нивно внимание, време и љубов е насочено токму кон новиот член на семејството.

Пејачката не е премногу активна на социјалните мрежи и нон стоп да објавува фотографии со малото бебе. Меѓутоа, сепак знае да направи исклучок и да сподели по некоја фотографија со наследничката.

Неодамна, тие направија и крштевка за Ана, а на социјалните осамнаа неколку фотографии.

Стефановска во интервју за „Женски магазин“ проговори за мајчинството.

Имено, таа откри какво дете е Ана и како и поминуваат деновите со малата ќеркичка.

-Ана е едно мило но многу пргаво бебе (се смее) . Покажува што таа сака и не ни попушта за жива глава (се смее) и се мислам како понатаму ќе ја убедуваме во некои работи .Деновите ни поминуваат во хранење, пресоблекување , капење и едно од поважните работи за неа-шетање надвор. Секој плач може да се запре кога се движиме кон влезната врата.

Имам помош од сопругот и од свекрвата и свекорот. Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив. Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство.

Татијана откри дека за време на пандемијата не се заразила со корона, но останала бремена и деновите по препорака ги поминала одмарајќи.

Инаку, пејачката откри  подготвува две нови песни.

фото: инстаграм/татијана стефановска

Останати вести од Радио Милева