Промотер

Таско и Лина само во една песна добија – „Сто позива“ (ВИДЕО)

Таско и Лина само во една песна добија – „Сто позива“ (ВИДЕО)

Младите македонски артисти Таско и талентираната и харизматична Лина Пејовска претходното лето буквално го запалија балканот со хитот “Неваљала”, која беше една од  најслушаните песни со фантастични 13 милиони + прегледи на Јутуб – тврдат од нивната продуцентска куќа „Урбан рекордс“.

По точно една година Таско и Лина одново во дует со истиот проверен тим на луѓе ја промовираат  новата заедничка песна, „Сто позива” (Сто повици).

Песната е во поп стил со стихови на српски јазик, за која музиката и текстот ги напиша Таско, аранжманот е на Aleх on the Beat од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот го изработи нашиот познат режисер Гордан Божиновски во соработка со Били Д, а интересно е да се напомене дека тимот на „Урбан рекордс“ се првите Македонци што снимале во студијата на “IDJ” во Белград.

Во спотот се менуваат повеќе интересни стајлинзи за кој се погрижија самиот Таско, за стајлингот на Лина модниот дизајнер Занов, Ива Спасовска-Атеље и Христина Пејовска. Сето тоа во организација на Борис Тасковски и Христина Пејовска.

На спотот се работеше доста професионално и ова докажува за веќе големата блискоста на нашата и српската забавно-музичка сцена, каде се снима и соработува заедно и за брзо време публиката може да очекува многу нови заеднички проекти.

Таско ексклузивно веќе ја промовираше новата песна при својот настап во еден ноќен клуб во Скопје, а каква беше атмосферата таму , погледнете од исечокот во клипот што самиот го споделил на својот Инстаграм профил:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Во продолжение проследете како изгледаат и звучат „стоте повици“ на Таско и Лина:

Останати вести од Промотер