Промотер

Тара за сечија љубовна болка има – „Лек на рана“ (ВИДЕО)

Тара за сечија љубовна болка има – „Лек на рана“ (ВИДЕО)

Македонски пејач Александар Тарабунов е неуморен. Додека многумина среде корона пандемијата мируваа, тој и тогаш работеше и снимаше, па зошто не би го правел тоа и сега, кога жестината на вирусот полека стивнува.

Деновиве популарниот Тара ја промовираше неговата најнова песна „Лек на рана”, за која многумина велат дека ќе биде летен хит.

Музиката за оваа песна е повторно негово авторско дело, текстот на Робин Зимбаков, додека аранжманот созаеднички сили го направиле  Тарабунов и Роберт Билбилов, а овој вториов разбирливо е и музички продуцент на песната.

Инаку темата е модерно спакувана во поп продукт со латино примеси во кои провејува шпанска гитара, одлично вклопени во моќната продукција на Билбилов и сугестивниот вокал на Тара, кој ги допира чувствата и милува емоциите, уште на прво слушање. Кога на тоа ќе се додаде одличниот текст на Зимбаков, вткаената лирика во емоцијата со која зрачи песната, јасно е дека ова еден од подобрите годинешни  домашни поп прозиводи. Модерен, можен, а при тоа во себе има и душа!

Видео спотот го реализирал веќе постојаниот соработник на екипата, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови,  Зоран Зонде Стојановски, чија визуелизација во рамките на буџетот, сосема солидно ја надополнува звучната слика на „Лек на рана“.

Во продолжение ви предлагаме преслушајте ја и погледнете го видео спотот.