Радио Милева
„зарем не се гледа“

Тања Савиќ се огласи по написите дека имала афера со политичар: „Јас сум среќна жена“

Тања Савиќ се огласи по написите дека имала афера со политичар: „Јас сум среќна жена“

Српските медиуми неодамна пишуваа дека пејачката Тања Савиќ во текот на летото наводно била во врска со политичар.

Овие гласини започнаа кога во емисијата „Папарацо лов“, водителката Јована Јеремиќ откри екслузива односно изјави дека пејачката имала афера со политичар.

„Тања Савиќ беше во тајна врска со зафатен политичар“: Водителката Јована Јеремиќ откри шокантни детали за пејачката – Вистина.мк (vistina.com.mk)

По овие написи, Тања првпат се појави во јавност и ги прокоментира овие шпекулации.

На прашањето дали се точни инфорациите, таа изјави:

„Кога веќе пишувавте за тоа….“ започна Тања, а на прашањето дали е заљубена, порача:

„Не знам дали тоа се гледа? Јас сум само среќна жена“ изјави Савиќ.

Инаку, Тања и претходната година во април се најде во центарот на вниманието кога нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ ги зема нејзините деца без нејзино знаење и ги однесе во Австралија. Пејачката ги немаше видено нејзините наследници една година, а пред неколку месеци судот донесе одлука децата да се вратат кај неа во Србија.

фото: принтскрин/инстаграм/тања савиќ/инстаграм/прес србија

Останати вести од Радио Милева