Радио Милева

Тања Савиќ откри зошто плачеше среде улица: „Имам проблеми, не е сè океј“

Тања Савиќ откри зошто плачеше среде улица: „Имам проблеми, не е сè океј“
фото: дамир дервишагиќ

Српската пејачка Тања Савиќ не сака многу да го експонира својот приватен живот, а во медиумите често се појавуваа разни вести за нејзиниот брак.

Неодамна, екипата на „папарацо лов“ ја снимаше Тања како се шета со сопругот и нејзините деца, а потоа како седи на улица и плаче.

фото: Принтскрин/јутуб

Савиќ во интервју за „Ексклузив“ откри зошто ронела солзи.

„Јас по природа сум емотивна личност и имам емоции, како и секоја жена. Мислам дека жените имаме многу повеќе емотивни паѓања, па плачеме поради ситници, иако можеби таа ситуација не звучи многу страшно“ вели Тања и додава:

„Јас често плачам, така се емотивно празнам. Сите плачеме и тоа е убаво. Многу е тешко кога не можеш да плачеш. Додека плачам знам дека сум жива и тоа е добро“ додава Савиќ, а потоа проговори и за написите во медиумите.

фото: дамир дервишагиќ

„Имам и јас проблеми и не е се “океј“. Едноставно, таков е животот. Или се бориш или ќе умреш. Ме мачат многу работи, како и сите нас. Тие проблеми не се за телевизија, а јас не сум личност која го изнесува својот приватен живот“ вели пејачката.

 

Останати вести од Радио Милева