Промотер

Тања и Владимир еден на друг си признаа – „Љубов моја си“ (ВИДЕО)

Тања и Владимир еден на друг си признаа – „Љубов моја си“ (ВИДЕО)

„Љубов моја си“ е насловот на новата песна на младите музичари Тања Бојковска и Владимир Ризоски, кои за овој проект ги здружија силите со колегата Ѓорѓи Крстевски, чиј потпис стои на целокупниот аудио-визуелен производ (музика, текст, аранжман, микс, мастеринг и видеоспот) кои ги потпишува неговата „KM Entertainment“ аудио и видео продукција ).

Тања Бојковска под името Тања Б. се појави на музичката сцена пред десеттина години, кога беше актуелна со песните „Сила“ и „Затворен е овој круг“, обете дело на композиторот и продуцент Александар Масевски, а како соло-изведувач за последен пат ја видовме на минатогодишниот „Макфест 2017“, каде настапи со композицијата  „Трепет“ потпишана од нејзината колешка, пејачката Сара Мејс.

Заедно во дует со Владимир, публиката најдобро ги знае по бројните настапи низ Македонија, а ги паметиме  и по учествотот во втората сезона на регионалното  музичко талент шоу „Х фактор“, каде се појавија  под името „Спарклс“.

Како звучи и изгледа  дует темата „Љубов моја си“ на Тања и Влатко дознајте во продолжение.

 

Останати вести од Промотер