Радио Милева

Тамара Тодевска периодов е окупирана само со „цедење на најјако“! (фото)

Тамара Тодевска периодов е окупирана само со „цедење на најјако“! (фото)
фото:инстаграм/тамара тодевска

По бурата скандали, пејачката Тамара Тодевска како да сакаше да се дистанцира од социјалните мрежи и да излезе од фокусот на јавноста. Но, како велат: „Ское чудо три дена трае“, па така и ова.

Сега, по некое време, Тамара се повеќе се активира на социјалните мредиуми, односно Инстаграм, каде веќе е редовна со објавите како пред да биде во фокусот поради не така убавите нешта.

Бидејќи е тазе мајка по вторпат, таа периодов е максимално посветена на намалување на килограмите и здравата исхрана.

За да биде тоа ефективно, Тамара ангажираше и личен тренер.

„Цедење на најјако“, напиша за една од фотографиите каде е препотена, но насмеана и задоволна од квалитетниот тренинг.

Со физичката активност не застана тука, па од теретана Тамара замина на ноќно капење во базен во еден од скопските хотели.

Третманот за слабеење го заокружи со здрава храна, но оние кои најмногу ја трошат, но го полнат нејзиното срце се Хана и Дарен.

фото:инстаграм/тамара тодевска

Тие се нејзиниот универзум, а веруваме дека ќе бидат најзаслужни за нивната фит мама.

Останати вести од Радио Милева