Радио Милева
згодна риба

Тамара Тодевска никогаш поженствена: Македонската пејачка во новата модна комбинација изгледа како милион долари (фото)

Тамара Тодевска никогаш поженствена: Македонската пејачка во новата модна комбинација изгледа како милион долари (фото)

Македонската пејачка Тамара Тодевска важи за еден од најдобрите вокали на музичка сцена, но и еден од најактивните корисници на социјалните мрежи.

Таа речиси е секојдневно е активна на „Инстаграм“ каде што објавува фотографии од неа, нејзините деца, од нејзините активности…

Пејачката го искористи изминатиот период да се посвети на себе и да ја доведе својата линија до совршенство. Имено, таа започна со здрав начин на исхрана, редовна физичка активност односно пешачење, вежбање и резултатот е очигледен – таа изгледа позгодно од кога и да било.

Во последно време, таа на „Инстаграм“ објавува фотографии на кои позира во разни модни парчиња на еден италијански бренд.

Така, на една од последните нејзини објави, Тодевска позира во фармерки во комбинација со кошула и плато. Изгледот пејачката го комплетираше со шминка и фризура. Ќе се согласите дека Тодевска во вакво издание изгледа многу згодно.

Под објавата таа доби многу комплименти за нејзиниот изглед, па следбениците и поласкаа со позитивни коментари.

Инаку, во последно време, многу познати преку социјалните мрежи рекламираат разни брендови за козметика, облека, накит…

фото: инстаграм/тамара тодевска/мартин трајановски

Останати вести од Радио Милева