Радио Милева
риба ипол

Тамара Тодевска како Мерилин Монро: Македонската пејачка изгледа подобро од кога и да било (фото)

Тамара Тодевска како Мерилин Монро: Македонската пејачка изгледа подобро од кога и да било (фото)

Корона пандемијата не ја спречи пејачката Тамара Тодевска постојано да вежба во теретана, да слабее, да води здрав начин на живот и да билда имунитет.

Имено, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ често знае да објави по некоја фотографија додека вежба или кога пешачи на Водно.

По раѓањето на синчето Дарен, Тамара успеа да се ослободи од вишокот на килограми и изгледа подобро од кога и да било и често добива позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Пејачката е активна на социјалните мрежи, па често објавува фотографии од нејзините активности, од нејзината дечиња или пак рекламира некои производи…

Овој пат, Тодевска објави фотографија на која позира во црвена блуза во комбинација со црн шорц, фризура и шминка, изгледа како риба ипол, а во објавата се пошегува дека наликува на Мерилин Монро.

-Мерлинка воскресна, напиша таа во описот на фотографијата.

Сигурно пејачката добила еден куп позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Како ви се допаѓа Тамара во вакво издание?

фото: инстаграм/тамара тодевска

 

Останати вести од Радио Милева