Промотер

Тамара на „Макфест“ пееше за за сите кои треба да продолжат напред, исправени пред нови животни предизвици во – „Замижи“ (ВИДЕО)

Тамара на „Макфест“ пееше за за сите кои треба да продолжат напред, исправени пред нови животни предизвици во – „Замижи“ (ВИДЕО)

Во рамки на 37-то издание на „Макфест“, во Штип, Тамара Тодевска ја промовираше својата нова песна насловена како „Замижи“. Станува збор за музичка приказна, чиј текст е напишан од Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов.

 

На втората, ревијална вечер, во Домот на култура „Ацо Шопов“, Тамара го претстави нејзиниот нов сингл по нешто повеќе од една година.

„На „Макфест“ ја започнав својата кариера, во далечната 91′ со Маријана и Росана. Победивме со Врчак, со „Седмо небо“, а после следуваа: „Немирна“, „Готово е“, „Тажна љубов, среќна песна“… Знам дека и „Замижи“ ќе биде дел од низата на успешни музички приказни.  Штип, фала Ви од срце, но фала и на сите кои ми праќате пораки за новата песна. Ве сакам!“ – сподели Тамара на својот Инстаграм претставувајќи ја песната чие аудио можете да го слушнете ако (КЛИКНЕТЕ ТУКА).

„Станува збор за една нова музичка приказна која особено ми е драга и некако одма ми легна при срце. Се мислев за моментот кога да ја објавиме „Замижи“, но среќна сум што тоа го сторив токму на „Макфест“. Затоа што сакам да дадам поддршка на овој фестивал – меѓу единствените кој сѐ уште овозможува афирмација на македонската музика и на домашните изведувачи.

„Замижи“ е за сите кои треба да продолжат напред, кои можеби жалат за минатото, за изгубеното, за одредени моменти, но сега се исправени пред нови животни предизвици. Убав е овој живот и вреди да се бориме“, вели Тамара за својата нова песна.

 

Тодевска го истакна и своето задоволство од соработката со Џамбазов и Билбилов, кои се децениски нејзини соработници и пријатели.

„Со Џамбаз и Роберт веќе исто „дишеме“ и одлично се согласуваме. Го знаат мојот вкус, енергија, стил и кога нешто добро функционира не би го менувала“, истакна Тамара, канејќи ги сите уште еднаш убаво да ја преслушаат „Замижи“ и погледнат премиерната промоција на нејзиниот  макфестовски настап во видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА):

Фото и видео: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/tamaratodevska

Останати вести од Промотер