Промотер

Тамара Грујеска сака да види и да биде нешто што сега го нема, а за тоа вели – „Имам сила“ (ВИДЕО)

Тамара Грујеска сака  да види и да биде нешто што сега го нема, а за тоа вели – „Имам сила“ (ВИДЕО)

Тамара Грујеска за повеќето релативно ново име на домашната сцена, но за оние помладите веќе добро познат вокал.

12-годишната Тамара преку детските фестивали, тетовскиот „Јаболчиња“, „Златно славејче“, „Езерски бисери“ во Струга, прилепскиот „Ѕвездички“, „Шкољкице“ во Нови Сад, „Golden Stars Rain” во Русија… сега влезе во работилницата на хитмејкерот Роберт Билбилов, кој ѝ спакува одлична нумера наменета за тинејџерите, но и сите оние кои веруваат во љубовта бидејќи неа и емоциите кон сѐ што е околу нас ги доживува секој без оглед на возраста.

Темата носи наслов „Имам сила“ и автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов, додека текстот, што во себе носи една убава порака го потпишува Тања Соколовска. Песната има модерен поп звук, со малку етно елементи и претставува убав спој на младост и квалитет.

„Текстот е сериозен и има смисла и поента, а во себе носи една една убава порака. Срцата на децата се чисти и тие заслужуваат да сонуваат за својата иднина, токму таква е и пораката која е насочена до сите деца, но и повозрасните бидејќи токму љубовта и емоциите се она што го доживуваме сите. Тамара покажува дека има сила да види и да биде нешто што сега го нема, но има многу нешто што ќе го даде во иднина, со искрена верба во љубовта на сите околу неа ќе успее во светот на музиката“, вели Дејан Грујески, таткото на Тамара, кој е презадоволен од соработката со Билбилов.

Роберт, вели, успеал на да направи посебна песна, која одговара на возраста на Тамара и во себе носи порака дека секое дете треба да се бори за своите соништа. Јавноста освен што може да ја чуе „Имам сила“, веќе може да го види и видеото за кое се погрижи Дарио Јанковиќ и неговата Генерал продукција. Во видеото Јанковиќ ја прикажува Тамара во едно поинакво светло, во еден поширок временски период, како од некој посебен универзум.

Тамара со својот посебен стајлинг, дело на дизајнерот Златко Јованоски, е претставена како зрак на надеж и знак за вистинскиот пат на секое дете. Студиото BACKSTAGE од Гостивар и Среќко Ѓорѓиевски, кои секогаш се тука за Тамара, и овој пат се погрижија за нејзината коса и комплетен изглед.

Тамара, инаку е шестоодделенка во основното училиште „Гоце Делчев“ од Гостивар, но, исто така, е и ученичка во основното музичко училиште „Енвер Стафаи” и свири пијано. Својот глас го усовршува во музичкото училиште на Андријана Јаневска, отсек соло пеење популарни светски жанрови, а има и online часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Шерил Портер од САД. Уживајте во „Имам сила“ на младата Тамара и верувајте во себе, своите соништа и, секако, љубовта, затоа што само со верба и силна желба може да дојдете до целта.

Во продолжение проследете го видеото за темата „Имам сила“ на Тамара Грујеска (КЛИКНИ ТУКА): 

Останати вести од Промотер