Радио Милева
Фраер

Талат е на заслужен одмор од рецепцијата во „Преспав“, па во слободно време го смени имиџот од кој тешко би го препознале (фото)

Талат е на заслужен одмор од рецепцијата во „Преспав“, па во слободно време го смени имиџот од кој тешко би го препознале (фото)

Откако стана рецепционерот во пансионот „Преспав“, младиот актер Дритон Вејсели, преку Талат од Џепчиште стана еден од омилените ликови на ТВ екраните.

Неговата специфична улога, тетовскиот дијалект, згодите и незгодите кои ги предизвикува со сопртвениците и гостите на пансионот, го направија лик кој гледачите на серијата со нетрпение очекуваат да го гледаат во секоја нова епизода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Driton Vejseli (@dr1ton)

За Талат од Џепчиште знаете повеќе отколку за Дритон Вејсели, млад актер кој досега има играно неколку улоги на сцената на Драмскиот театар, а имал улога и во уште една серија.

Сепак, улогата во „Преспав“ е онаа која му го трасираше патот до полуларноста. Откако стана познат, Талат е се поинтересен за медиумите кои редовно го бараат за интервјуа и детали од неговата приватнот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Driton Vejseli (@dr1ton)

Дритон е активен корисник на социјалните мрежи каде постојано има нови следбеници и обожаватели, а она што е забележливо на прв поглед е неговата нова трансформација од Дритон во Талат и обратно.

Еден со друг воопшто не потсетуваат, па оттука умешноста на ова младо талентирано момче, дополнително се истакнува.

Талат или Дритон сега е на заслужен одмор од рецепцијата во „Преспав“ се додека не почне новата сезона, а дотогаш ќе го тера новиот фраерски имиџ кој го презентираше со селфи во лифт.

Останати вести од Радио Милева