Промотер

Тајзи го објави својот „Парадокс“ (видео)

Тајзи го објави својот „Парадокс“ (видео)

Кумановецот  Драган Величковски, кого публиката го знае по уметничкиот прекар  Тајзи, има нова песна насловена како „Парадокс“, а за истата  снимаше и видеоспот.

Музиката е дело на Лазар Цветковски, Кристијан Николов и Тајзи, а аранжманот е на Лазар Цветковски и Сајов.

Видеозаписот е снимен на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонската борба во Скопје. Режисер на спотот е Даниел Јовевски.

„Текстот го отсликува парадоксот на времето во кое живееме“ изјави Тајзи.

Во видеото освен Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, а за стајлингот е задолжен препознатливиот стилист Златко Јовановски.