Љубов и Секс

Тајните на женското задоволство: Какви оргазми се бран, вулкан и лавина?

Тајните на женското задоволство: Какви оргазми се бран, вулкан и лавина?

Сексот може да го подобри расположението, да ги ублажи стресот и депресијата, да го зајакне имунитетот и да ги подобри односите со партнерот.

Малку работи на овој свет се толку недоволно разбрани како женскиот оргазам. Иако постигнавме напредок во однос на стигмата на женското задоволство, сепак не зборуваме доволно за тоа, а тоа го поткрепува и фактот дека има многу малку научни истражувања кои би ги потврдиле психофизичките придобивки од женскиот оргазам.

Придобивките од машкиот оргазам се многу јасни. Репродуктивно, служи за оплодување на жената. Машкиот оргазам, значи, има еволутивна придобивка и токму затоа е истражуван „долж и попреку“. Не е проблем да се зборува за тоа, не е табу тема и јасно можеме да кажеме дека е добар, корисен и пожелен.