Радио Милева

Тајландскиот карл во луксузен карантин на Алпите: Бега од корона, а се „фрли“ во харем од 20 жени!

Тајландскиот карл во луксузен карантин на Алпите: Бега од корона, а се „фрли“ во харем од 20 жени!
фото:: „Reuters“

Маха Вајиралонгкорн, кралот на Тајланд, ужива во самоизолација во луксузен хотел сместен на Алпите.

Германските медиуми открија дека тајландскиот крал со себе има „харем“ од 20 конкубини и бројни слуги, додека не е познато каде се наоѓаат неговите четири сопруги.

Сите пансиони и хотели во регионот се затворени, но не и “Grand Hotel Sonnenbichl” каде што сега престојува 64-годишниот крал Маха.

фото: „EPA-EFE“

Бројни активисти го нападнаа кралот на социјалните мрежи и пишуваа дека тој бил на деловен пат во Германија на почетокот на март. Инаку, десет илјади граѓани ги жртвуваа своите животи со оглед на тоа дека може да добијат затворска казна до 15 години доколку ја навредат монархијата.

Кралот Маха не бил виден во јавност уште од февруари. Тој често не е во својата земја, а најчесто времето го поминува во Германија со своите љубовници. Познат е по тоа што досега имаше многу жени, како и бурни разводи.

Останати вести од Радио Милева