Промотер

„Тајфата“ со нивната нова пејачка ве водат до крајности во – „Јас и ти“ (ВИДЕО)

„Тајфата“ со нивната нова пејачка ве водат до крајности во – „Јас и ти“ (ВИДЕО)

Музичката група “Тајфата” деновиве преку својот Јутуб канал во етерот ја промовираше својата нова песна “Ти и јас”.

Групата започна заедно со Коки Јанков, некогашниот виолинист на дуото Дуле и Коки, потоа продолжи да соработува со битолскиот пејач Димитар Андоновски, за сега како нејзин вокал да се појави младата пејачка Сара Сурлаџиоска, која ја однесе победата во македонското музичко талент шоу „Заблескај“ во кое наградата требаше да биде дует со Елена Ристеска до кој никогаш не дојде!?

Музиката е на Владимир Борески кој е вокал и клавијатури во групата, текстот е на споменатата Сара Сурлаџиоска која ја се појавува и како женски вокал, а аранжманот е на гитаристот Рубин Димкоски и Владимир Богески.

Во песната делниците на хармоника ги отсвирил Александар Тренчовски, а Живко Чиртоски бил задолжен за кларинетот.

Придружните вокали во песната ги отпеале Викторија Георгиоска и Маја Црвенкоска. „Фан продукција“ на Зоран Пилоски го потпишува иако нискобуџетен, сепак солидно изработен видеоспот, а за шминката се погрижиле од Студио Палада.

Во продолжение проследете ја новата тема на „Тајфата“ насловена како „Ти и јас“: