Вистаграм

Таа не старее: Поранешната Плејбој зајачица го одзема здивот

Таа не старее: Поранешната Плејбој зајачица го одзема здивот

Убавата русокоса Викторија Силвстедт е Швеѓанка која во земјата е позната како модел, актерка, пејачка и ТВ лице.

Виктoрија изгледа дупло помладо од годините кои ги има, а може да се пофали и со совршено извајаното тело кое ѝ е во топ-форма.

Во текот на одморот на островот св. Бартоломеј, папарацо фотографите ја фотографирале како ужива во своите дневни активности.

Во таа прилика, манекенката носела бело бикини со интересни златни детали, нагласувајќи ја нејзината фит фигура во 48-та година од животот.

Да ве потсетиме, младата Швеѓанка ја претставуваше својата земја за Мис на светот во 1993 година. На тоа натпреварување таа успеала да се пласира во топ десет.

Подоцна потпишала договор со една од агенциите во Париз и работела за најпрестижните брендови во светот: Шанел, Кристијан Диор, Живанши, Армани и други.

Ја забележал и Хју Хефнер, па се фотографирала за Плејбој, а во 1997 година станала „зајачица“ на годината.

извор: точка.мк