Радио Милева

Tаа го гали трудничкиот стомак, а тој снима: Слаткар не може да одолее да не ја покаже бремената сопруга (фото)

Tаа го гали трудничкиот стомак, а тој снима: Слаткар не може да одолее да не ја покаже бремената сопруга (фото)
фото:сања николиќ/инстаграм

Популарниот рапер Марко Маринковиќ-Слаткар, нешто по полноќ и доаѓањето на Новата 2020 година, имаше специјална честитка.

Имено, тој на крајот од старата и почетокот на Новата година, откри дека ќе стане татко. Во фокусот беше блажената сопруга Сања Николиќ, која во ултра шик елегантно издание позираше пред огледалото држејќи ја едната рака на нараснатиот стомак.

фотот:марко маринковиќ слаткар/инстаграм

Оттогаш поминаа повеќе од два месеци, а идната мама не практикува да објавува детали од деновите во бременоста. Но затоа, идниот тато, очигледно возбуден поради најубавата улога во животот, не може да додржи, а да не покаже колку нараснало трудничкото стомече на Сања.

Додека таа се галеше, тој го забележа тоа со камерата од мобилниот и ја постави објавата на Инстаграм, означувајќи ја саканата која ќе му роди наследник или наследничка.

-Ќе станам татко 2020 ќе биде мојата најсреќна година! Ви посакувам убавини, гласеше објавата на Слаткар кога откри дека ќе се реализира како родител.

Останати вести од Радио Милева