Радио Милева
Фотографијата на Лепа Брена и нејзината покојна мајка Ифета ја воодушеви јавноста

Таа беше нејзината најголема поддршка, а сличноста меѓу нив две е неверојатна – вака изгледаше мајката на Лепа Брена (фото)

Таа беше нејзината најголема поддршка, а сличноста меѓу нив две е неверојатна – вака изгледаше мајката на Лепа Брена (фото)

Лепа Брена доживеа голема тага и жалост по смртта на нејзините родители. Нејзиниот татко Абид имал сообраќајна несреќа во 2010 година, по што го загубил животот. Работите да бидат уште полоши, сето тоа се случи на роденденот на Брена.

По 4 години од загубата на татко и, пејачката ја погоди смртта на нејзината мајка Ифета.

Брена секогаш истакнуваше дека нејзините родители и се најголемата поддршка, и дека ја воспитувале во согласностт со вистинските вредности.

„ Се негуваше таа  хиерархија да се почитува таткото… Мама секогаш беше построга, често разговаравме, постојано ми велеше да бидам паметна и да не правам глупости. Ме научи да готвам, да правам зимница, да плетам, да шијам, Знаев дури и да бојадисам ѕидови и да ги везам таписериите на Вилер. Денот ни започнуваше со мирис на кафе и појадок. “,  рече еднаш Брена.

Мајката на Брена не сакала камери, па не се истакнувала, криејќи се од очите на јавноста. Малкумина знаат како изгледала мајката на Брена, додека неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Брена и нејзината мајка.

Фотографијата со насмеани мајка и ќерка буди убави емоции кај многу луѓе, па многумина со ентузијазам ги оставија своите коментари.

„Лика и прилика на  својата мајка“, „Таа е прекрасна мајка“, се дел од коментарите.

Ифета секогаш имала убави зборови за својата ќерка, а во една прилика рекла:

„За тебе можеби е Брена, но за мене е Фахретица. Таа го добила името по мојата сестра, а талентот го наследила од нејзината баба, мајка ми.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена/Антонио Ахел

Останати вести од Радио Милева