Промотер

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова во новата песна не прошетаа – „Од Бекирлија до Битола“ (ВИДЕО)

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова во новата песна не прошетаа – „Од Бекирлија до Битола“ (ВИДЕО)

Сузана Турунџиева и хероината на оскаровскиот документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова ја промовираа својата нова, втора по ред песна. Насловена „Од Бекирлија до Битола“, песната  е дело на Сузана Турунџиева, која ги напишала музиката и текстот.

Аранжманот го направил штипскиот музичар Роберто Поп Димитров, познат како вокал на некогашната група „Кентаур“.

Песната е исто така визуелизирана и со видеоспот сниман на различни локации во Бекирлија и Битола.

Локациите за спотот се избрани со идеја да се прикажат убавините на родните мести на двете пријателки, а со тоа и убавините на нашата прекрасната природа на нашата земја, Македонија.

Видеото го потпишува видеопродукцијата „Венов медиа видео“.

Турунџиеваа најавува дека имаат големи планови со Атиџе, меѓу кои и настапи, но и снимање на комплетен материјал за албум.