Радио Милева

Судијката која и го одзема синот на Северина добила подароци од 330 000 евра

Судијката која и го одзема синот на Северина добила подароци од 330 000 евра
фото: Небојша Мандиќ

Судијката Теа Голуб која пресуди синот на Северина, малиот Алекснадар да живее со Милан Поповиќ се најде во центарна скандалот кога беше откриено дека судијката на луксузниот одмор ужива во ист хотел, во кој се наоѓа и Милан.

Многумина се прашаа од каде има пари за да ужива седум дена на зимување кое чини како две нејзини плати, па тогаш одлучи да ја покаже својата имтона карта.

Со плата во Општинскиот граѓански суд во Загреб од околу 1.700 евра, таа поседува импозантен имот. Меѓутоа тоа не го стекнала, туку го добила како подарок, тврди таа.

Во имотната карта на Теа Голуб стои дека поседува стан од 103 квадратни метри во Загреб, вреден 200.000 евра и гаража од 19 квадратни метри, вредна речиси 23.000. За двете недвижнини таа изјавила дека ги добила како подарок. За подарок добила часовник од 4.000 евра и друг накит од 5.500 евра. Во две банки, напишала таа, има вкупна заштеда од 98.000 евра. И тоа го навела како подарок.

фото: курир.рс

Многу повеќе поседува сопругот на Теа, а таа не откри како се вика нејзиниот сопруг и со што се занимава. Според имотната карта, тој е сопственик на нива и куќа во вредност од 10 000 евра, куќа од 361 квадрат која вреди 340 000 евра.

Под рубриката „извор на стекнување имот“ се наведува приход од несамостојна работа, кредит и подарок. Партнерот на судијката исто така има колекција часовници од 20.000 евра, кои тој самиот ги купил, како и виолина од 6.700 евра што ја добил. Тој исто така поседува акции во три трговски и инвестициски фондови, пишува српскиот портал курир.рс

За потсетување, судот во Загреб повторно поднесе пријава против Северина бидејќи наводно го прекршила законот, а не откривајќи за каков прекршок станува збор.

Останати вести од Радио Милева