Радио Милева
бизарно

Стравот и депресијата го натераа славниот пејач да го ископа сопствениот гроб

Стравот и депресијата го натераа славниот пејач да го ископа сопствениот гроб

Славниот пејач Еди Ширан веќе има план каде ќе биде погребано неговото тело по смртта, а местото е неговиот неговиот двор.

Откако започнаа гласините дека пејачот изградил гробница во неговата куќа, тој во неодамнешното интервју за GQ откри дека тоа всушност е гробница направена специјално за него.

– Тоа е дупка ископана во земјата, а над неа е камен, па кога и да дојде тој ден ќе одам таму – рече тој.

Тој ги изненади своите фанови со ова признание. Многумина се прашуваат зошто размислува за смртта кога штотуку навлезе во третата деценија од животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

– Луѓето мислат дека тоа е многу чудно и навистина морбидно, но имав пријатели кои умреа без тестамент, па никој не знаеше што да прави – изјави Ширан.

Неговиот најдобар пријател Џамал ​​Едвардс почина на 31-годишна возраст. Го загуби и својот сакан ментор Мајкл Гудински, а потоа и неговиот колега Шејн Вејн.

Најтешкиот удар дошол кога неговата сопруга Чери Сиборн се борела со тумор додека била бремена со една од нивните две ќерки, па ѝ било дозволено да се лекува само по породувањето.

– Поминував низ страв, депресија и анксиозност. Се чувствував како да се давам, со главата под површината, гледајќи нагоре, но не можев да земам воздух – изјави претходно пејачот.

фото:Instagram printskrin

Останати вести од Радио Милева