Радио Милева
распеан карантин

Стојне Николова и Мојсо споија убаво и корисно во карантинот: Ем ве забавуваат, ем вежбаат, ама не само песни, туку и нешто друго… (ВИДЕО)

Стојне Николова и Мојсо споија убаво и корисно во карантинот: Ем ве забавуваат, ем вежбаат, ама не само песни, туку и нешто друго… (ВИДЕО)

Онлајн комуникацијата исполнета со информации, едукација и забава сакале или не, ни станува секојдневие, нов начин на живот. Во него, по се’ изгледа дека и естрадното тркало се заврти… Во услови на карантин и изолација, музичарите и пејачите по примерот на Италијаните тргнаа онлајн да го забавуваат народот. До душа, таму народот сам се забавува по балкони и тераси, а кај нас естрадата, и народот и себе си се обидува да се спаси од „монотонијата во четири ѕида“.

Панчо и Андреј – ДНК повлекоа нога од затворен, празен локал, Митевски, Дац и Бојана од празното студио „Скендровски“, Калиопи од дома, а по нив еве ги и фолкерите… Стојне Николова и Бобан Мојсовски -Мојсо, со песни од дневната соба.

Имено, во овие услови  сепак е најважно сите да седиме дома, освен оние кои не можат од дома да работат, а мораат. Стојне и Мојсо и да сакаат, не можат да работат, зашто нивните работни места привремено се затворени. Затоа, атрактивната фолкерка и нејзиниот компањон од музичката придружба седеат дома, но никако не седат со скрстени раце.

Напротив, времето во карантин обајцата го искористија за да го спојат убавото и корисното. Справите монтирани во дневната соба, синтисајзерот пред Мојсо, микрофонот кај Стојнето в рака и забавата може да почне. Ем тренинг вежба за да се научат нови песни и збогати репертоарот за настапи кога за тоа ќе се создадат услови, ем на народот да му се приушти малку онлајан забава и опуштање, за да му го олеснат животот. Со песна за целата нација за живот во изолација, Стојне и Мојсо со видео се вклучија на социјалните мрежи, па покажаа што се знаат и умеат да отсвират и отпеат.

Стојнето без маска, до душа и без шминка, маскирана со капче, Мојсо онаков каков што си е, пред да засвири откри уште една тајна.

Имено, музичарот и пејачката не вежбаат само песни, туку вежбаат и нешто друго. Зашто, покрај музичките справи и инструменти,  во дневната се монтарина и справите за физички вежби, како што е орбитрекот, на пример. Концертната кондиција е исто толку важна колку и добро избраниот репертоар и интерпратацијата, па затоа колку што се свири и пее, толку и физички треба да се биде активен… дури и по дома!

Мојсо единствено не објасни, дали како и музичкиот настап и физичките вежби мора да се прават заедно?

Затоа Стојнето објасни што ќе се пее, па го зема микрофонот в раце и покажа дека не само фолкот, туку и забавната музика подеднакво добро и лежи и отпеја една песна од Нина Бадриќ, а потоа му се врати на она што и главна определба – народниот мелос.

За оние што го пропуштиле онлајн, еве како звучи и изгледа нивниот „распеан карантин“:

Останати вести од Радио Милева