Лице в Лице

Стевчо Јакимовски: „Веднаш ќе направиме четири нови градинки, ќе ја реконструираме салата ‘Партизан’ и ќе направиме нови паркинг места (ВИДЕО)

Стевчо Јакимовски: „Веднаш ќе направиме четири нови градинки, ќе ја реконструираме салата ‘Партизан’ и ќе направиме нови паркинг места (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и лидер на „ГРОМ“,  Стевчо Јакимовски во интервју за Курир.мк, вели дека во општината најголем приоритет во иднина ќе биде сите деца да бидат згрижени во градинка.

-Четири нови градинки мораме под итно да направиме и во секоја од постоечките градинки од две до четири занимални да додадеме плус, бидејќи 800 деца ни чекаат упис во градинките. Втор приоритет е решавањето на паркирањето, мораме подземни гаражи, мораме надземни гаражи, по готово во делот на Карпош 1, кај Министерството за економија, овде во Карпош 3, Лептокарија, Порта Влае мораме да ја решиме, вели Јакимовски.

Тој додава дека во неговата програма за младите луѓе се вклучени многу проекти, особено за најмладите, да имаат добра заштита, како и давање на стипендии на талентираните ученици и спортисти.

-Со моето доаѓање уште во 200-та година, ние сите спортски терени во Карпош ги осветливме, веќе игралиштето во Влае го направиме и со вештачка трева, планираме сите спортски терени да бидат со вештачка трева. Игралиштето Сокол, планираме да го покриеме, детските игралишта исто така ни се приоритет, она што е важно е и кејот на Вардар, уште една велосипедска патека ќе направиме, уште една патека само за трчање исто така ќе направиме. Салата Партизан исто така ќе се реконструира и ќе се стави бесплатно на користење на граѓаните на Карпош, вели Јакимовски.

Целото интервју, погледнете го подолу во видеото:

Останати вести од Лице в Лице