Промотер

Стефан Лазаров неа ја ќари, ама таа му ги ќари сите – „Пари“ (ВИДЕО)

Стефан Лазаров неа ја ќари, ама таа му ги ќари сите – „Пари“ (ВИДЕО)

Секогаш уникатен и полн со изненадувања, познатиот македонски јутјубер и водител – Стефан Лазаров и се враќа и на музичката сцена со нова песна насловена „Пари“.

По кратка пауза, со новиот видео запис, 25 годишниот јутубер ја слави двегодишнината од отворањето на својот јутуб канал преку кој стекна голема популарност, а во моментов брои речиси 70 000 следбеници.

Видеозаписот за песната „Пари“, е режија на Томислав Живковиќ, а истиот е реализиран во Грција, што го потврдува фактот дека ова е досега најскапиот спот на Лазаров. Позади текстот, музиката и аранжманот на песната стои познатото македонското дуо „Два Бона“.

Во спотот покрај Стефан, главната женска ролја ја има и македонскиот модел Сара Дојчиноска.

„Чувството да се биде повторно на музичката сцена по кратка пауза, е неописливо, а најмногу поради можноста преку музиката како уметност да споделам вистински емоции. Музиката ми дава можност да се претставам и искажам емотивно и на најдобриот начин на којшто знам. Сакам да се заблагодарам на целиот тим кој работеше на овој проект и да нагласам дека следува период на активно посветување на мојата музичка кариера“- изјави младиот мултиталентиран, Лазаров.

Стефан Лазаров во досегашната негова кариера брои неколку песни кои можете да ги слушнете и погледнете на неговиот јутуб канал како: „Ти“, „Мајко моја“, „Победник“ и други.

Во продолжение, погледнете го новиот видео запис за „Пари“ и големиот камбек на Стефан Лазаров на македонската музичка сцена.