Живот и Стил

Ставете крај на испуканите усни со помош на оваа состојка

Ставете крај на испуканите усни со помош на оваа состојка

Сигурно ви е добро познато дека шеа путерот има способност да ѝ пружи максимална хидратација дури и на најсувата кожа. Вообичаено, се користи во лосиони и креми за тело, но дали некогаш сте се сетиле да побарате балсам за усни со шеа путер? Овој растителен екстракт е вистински лек за вашите усни, правејќи ги меки и сензуални.

Како се добива шеа путерот?
Шеа путерот се добива од јаткастите плодовите на шеа дрвото кое расте во Западна Африка. Луѓето од овој регион го користеле со векови, не само како козметика туку и за готвење. Всушност, и денес се користи како путер за готвење. Сепак, наоѓа поголема примена во средствата за нега на коса и кожа.

Состав
Шеа путерот е богат со триглицериди, масни киселини и витамини кои благотворно влијаат врз кожата. Освен тоа, шеа путерот ја омекнува и смирува кожата и ѝ ја враќа еластичноста.

Здравствени придобивки за усните
Ја омекнува кожата
Бидејќи шеа путерот има смирувачко дејство, ги хидратира усните и им помага да омекнат со текот на времето. Доколку се борите со излупени и испукани усни па не можете да нанесете кармин, тогаш шеа путерот е она што ви треба за да создадете мека и мазна површина.

Создава заштитна бариера
Меѓу другото, шеа путерот создава заштитен слој кој ја штити кожата.

Богат со антиоксиданси
Шеа путерот е особено богат со витамин Е, моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали и оксидативниот стрес кои можат да доведат до предвремено стареење на кожата. Антиоксидансите се важна состојка од балсамот за усни бидејќи и кожата на усните создава брчки и со текот на времето ја губи бојата.

Одлично средство за испуканите усни
Сувите, испуканите и излупените усни можат навистина да бидат непријатни! Затоа од особена важност е да најдете производ кој ќе им помогне на вашите усни да оздрават. Истражување покажало дека шеа путерот може значително да го подобри имунолошкиот одговор и изгледот на усните.

Откако прочитавте за благотоворното дејство на шеа путерот врз вашите усни, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често.

Извор: mindbodygreen.com/кафепауза.мк