Радио Милева
гордо, достоинствено и разголено...

Станија замина на гласање само по градник: Граѓанска должност со градите на послужавник (ФОТО)

Станија замина на гласање само по градник: Граѓанска должност со градите на послужавник (ФОТО)

Вчера, недела 21 јуни беше ден за избори во Србија. Народот гласаше, а на гласање замина и таа – победничката на реалното шоу „Фарма“ и некогашна, а најверојатно и идна учесничка во „Задруга“, Станија Добројевиќ. Расната убавица ревносно ја исполни својата граѓанска должност и гласаше на избирачкото место 181 во Нови Сад.

Претходно, како и секој горд и достоинствен граѓанин, Станија знае дека денот за гласање е своевиден празник, а самото давање на својата доверба некому, свечен чин. Затоа таа стана порано, па влезе во бањата да се истушира и среди пред да замина на одредената дестинација и предвиденото гласачко место.

Станија знае дека на гласачкото место може да биде жешко, па старлетата излезе на гласање во многу провокативна комбинација: без маичка, само по градник и широко раскопчано палто она себе.

На своите следбеници им покажа дека својата граѓанска должност си ја извришила најкоректно, па сето тоа, заедно со својот провокативен стајлинг го сподели на Инстаграм.

Станија Добројевиќ не сакаше да открие за кога гласала, но ги пофали сите други кои сакале и стигнале да ја исполнат својата граѓанска должност…

За жал, фотографија од чинот на самото гласање не можела да сподели, зашто тоа е со закон забрането, иако можете да замислите каде сите гледале  додека онака  поднаведната, старлетата го пуштала своето ливче во гласачката кутија.

Останати вести од Радио Милева