Радио Милева
ријалити бизнис

Станија се враќа во „Задруга“: Старлетата за дебел хонорар ќе мора да се соочи со својот бивш (не)пријател Кристијан Голубовиќ и нејзиното доскорешно момче, Марко Марковиќ (ФОТО)

Станија се враќа во „Задруга“: Старлетата за дебел хонорар ќе мора да се соочи со својот бивш (не)пријател Кристијан Голубовиќ и нејзиното доскорешно момче, Марко Марковиќ (ФОТО)

Станија Добројевиќ наводно по Нова година ќе влезе во реалното шоу „Задруга 6“ како специјален гостин. Таму по седум години ќе се соочи со својот поранешен ( не)пријател Кристијан Голубовиќ, како и со доскорешното нејзино момче, Марко Марковиќ.

Според на извор близок до старлетата за „Реалити плус“, таа ќе зема дебел хонорар за гостување во реалното шоу, а планот и е „да им ги побрка лончињата“ на останатите цимери.

„Станија е една од најстарите учесници во реалното шоу, таа е многу барана и луѓето обожаваат да ја гледаат на телевизија. Токму поради ова и биле понудени посебни услови да биде дел од реалното шоу. Таа нема да биде натпреварувачка, туку гостинка и нема да се бори за првото место со останатите цимери.

Таа веќе еднаш беше победничка на реалното шоу и не значи дека го брка првото место бидејќи е свесна колкава поддршка има. Добила понуда од првиот човек на ТВ Пинк која не можела да ја одбие, а за неколку месеци престој во ‘Задруга 6’ таа ќе добие 50.000 евра“ – шокираше со сумата соговорникот.

„Нејзина цел е да го покаже вистинското лице на одредени задругари, а воедно и првпат пред камерите ќе се соочи со Кристијан Голубовиќ со кој имаше исклучително турбулентна врска. Не го гледа како непријател, не планира прво да нападне некого, но ако некој ја задева, нема да го поштеди. Таа знае многу за повеќето учесници, па затоа би било подобро да внимаваат на неа“ – рекол изворот, додавајќи:

„Публиката веројатно ќе ја интересира нејзината врска со поранешното момче Марко Марковиќ, а бидејќи повторно ќе се сретнат на местото каде што започнала нивната љубов, не е исклучено да им се вратат емоциите“!?

Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic

Останати вести од Радио Милева