Радио Милева
нова лага

Српските медиуми тврдат дека Карлеуша го моли Душко да одат во Дубаи за да го спасат бракот: Пејачката се огласи по овие пишувања – „Ова е доказ дека се обидов на мирен начин“

Српските медиуми тврдат дека Карлеуша го моли Душко да одат во Дубаи за да го спасат бракот: Пејачката се огласи по овие пишувања – „Ова е доказ дека се обидов на мирен начин“

Јелена Карлеуша се најде во центарот на вниманието кога на Божиќ беше објавена вест дека пејачката го пријавила сопругот за семејно насилство.

Имено, наводно Душко и удрил шлаканица на сопругата, а таа го пријавила во полиција.

Во изјавата познатиот фудбалер негираше дека бил насилен кон сопругата.

Срспките медиуми сега пишуваат дека наводно Карлеуша го моли Душко да оди со неа во Дубаи.

Пејачката викендов има настап, па сакала и нејзиниот сопруг да тргне со неа.

-Јелена дава се од себе за да го спаси бракот.Никој не споменува развод.Таа смета дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи.Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристапот од триесет дена.Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена.Овој настап и е многу важен.Таа жена издржа многу на грб, но работата и семејството и се на прво место.Ние, пријателите, сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – вели извор за курир.рс

По овој повод се огласи и Карлеуша која ги демантираше овие пишувања и испрати апел да се престане со овие лаги, во спротивно ќе поднесе тужба.

 

fot

фото: инстаграм/карлеушастар

Останати вести од Радио Милева