Радио Милева
чепнаа по нејзиното семејство

Српските медиуми пишуваа дека Рада Манојловиќ не сака да му помогне на братот, а таа се огласи по овие пишувања: „Не можам да дозволам вакво нешто“

Српските медиуми пишуваа дека Рада Манојловиќ не сака да му помогне на братот, а таа се огласи по овие пишувања: „Не можам да дозволам вакво нешто“

Пејачката Радмила Манојловиќ е позната по тоа што не ги демантира пишувањата во медиумите, но поради една вест која се појави мораше да реагира.

Имено, некои портали пишуваа дека братот на Рада, Ненад Манојловиќ кој исто така е дел од естрадата неколку пати и побарал помош за неговата музичка кариера, но таа го одбила.

По тој повод, Манојловиќ се огласи и демантираше овие пишувања.

-Драги мои, вие знаете дека никогаш не ги демантирам, но вакви работи не можам да дозволам. Ова е една невистина и тоа може да ви го потврди и Ненад. Се огласувам затоа што знам дека многу луѓе го читаат ова, па не сакам да се шири ова лоша приказна. Инаку, мојот став е ако демантирам само им давам реклама на вакви небулози, но сепак, ова ќе го пренесат сите портали во регионот, па би било фер некој некогаш да ме побара за изјава. Ако веќе ми правите конфликти со колегите, немора и со семејството“, напиша Рада во кусите приказни на „Инстаграм“.

фото: принтскрин/јутуб/ инстаграм

Останати вести од Радио Милева