Радио Милева

Српскиот актер проговори за соработката со Бред Пит: „Не можев да верувам колку е скромен“

Српскиот актер проговори за соработката со Бред Пит: „Не можев да верувам колку е скромен“
фото: Принтскрин/прватв

Српскиот актер Милош Тимотијевиќ беше гост во утринската емисија кај Јована Јоксимовиќ каде што зборуваше за деталите од својот холивудски живот.

Актерот во Холивуд имаше прилика да запознае и соработува со многу холивудски ѕвезди.

Водителката го праша Милош за заедничката на фоготрафија со Бред Пит која ја објави на „Инстаграм“.

Јована го замоли актерот да раскаже некои детали за Пит.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Бидејќи бевме во Лос Анџелес таму запознав и други актери како на пример: Томас Хенкс, Морган Фримен, Колин Фарел. Но, во сеќавање ми остана Бред Пит затоа што тој е толку скромен што не можев да верувам. Кога имавме премиера во Њујорк тој дојде во своето најгрдо одело, се сеќавам дека носеше „Блекбери“ телефон со скршен екран“ вели актерот.

фото: Принтскрин/прватв

„А дали нешто украдовте од Морган Фримен?“, праша водителката.

„Па, од него ја украдов посветноста на работата. Многу е скромен, секогаш носи качкет, не ги сака новинарите, не сака таблоиди. Многу бев изненаден од начинот на кој се однесува, но тоа беше за очекување бидејќи големите ѕвезди секогаш се такви“ заврши актерот.

Останати вести од Радио Милева