Радио Милева
под голем притисок...

Српската мисица што покажуваше двоглав орел, заврши в болница: По страшниот стрес од медиумскиот линч, ненадејно и се слошило (ФОТО)

Српската мисица што покажуваше двоглав орел, заврши в болница: По страшниот стрес од медиумскиот линч, ненадејно и се слошило (ФОТО)

Валентина Петровиќ, српската мисица што покажуваше двоглав орел била хоспитализирана откако сношти ненадејно и се слошило!

Валентина во последните недели беше во центарот на вниманието поради нејзиното појавување на изборот за Мис Интерконтинентал во Египет, каде заедно со претставничките на Албанија и  Косово покажа двоглав орел кој ја симболизира т.н. Голема Албанија.

Нејзината колешка Наѓа Кљајиќ, поранешна мис туризам, откри дека  Валентина вчера се вратила во Србија и дека набргу по пристигнувањето ненндејно и се слошило и таа  завршила во болница на инфузија.

„Редовно контактирам со менаџерот и директорот на компанијата Мис Ју, кои ме известија дека на Валентини и се слошило. Ја разбирам,  зад неа е страшен стрес, а допрва овде дома ја чека голем притисок. Случано или не,  ја држеле подолго и на царина при враќањето  во Србија“ –  објави Наѓа во утринската програма на телевизија Курир.

По скандалот Валентина јавно се извини, неколку пати повтори дека искрено жали, а Весна да Винча, сопственичката на официјалната агенција која испраќа српски мисици на светските натпреварувања, изјави дека мисицата била „злоупотребена и наместена“, по што преживеала медиумски линч.

Фото: Printscreen Instagram/bunt.svesrbija

Останати вести од Радио Милева