Радио Милева
претставничка на безумието?

Српската мисица насмеана од уши до уши, покажа двоглав орел, јавноста експлодираше: „Квалитетите на еден изрод“! (ФОТО)

Српската мисица насмеана од уши до уши, покажа двоглав орел, јавноста експлодираше: „Квалитетите на еден изрод“! (ФОТО)

На социјалните мрежи, осамнаа шокантни фотографии од српската мис Интерконтинентал, Валентина Петровиќ, која се сликала заедно со Мис на Албанија, Црна Гора и Косово, каде сите четири девојки покажуваат албански двоглав орел.

Не е ни чудо за првите две – едната е од Албанија, а другата е Албанка од Космет. Трета е Црногорката Уна Мугоша.

Имено, на страницата на Инстаграм „Bunt.sveSrbija“ беа објавени две фотографии на кои се гледа како српска мисица прави двоглав орел со рацете – потег со кој Србите со години ги провоцираат фудбалерите како Џердан Шаќири и Гранит Џака, но и пејачките ѕвезди како Рита Ора и Дуа Липа кои влечат албански корени во своите потекла.

„Девојката од крајната лева страна, Валентина Петровиќ. Претставничката на Србија? Не, претставничка на  безумие“- стои во описот на фотографијата, додека на самата слика пак пишува:  „Ова е чист пример на непочитување на својот народ, традицијата, верата, моралот. Квалитетите на еден изрод“ – на кој е додаден емотикон кој симболизира повраќање.

Да потсетиме, мисиците се фотографирани во Шарм ел Шеик каде се одржува изборот за Мис Интерконтинентал, од кој по спорната фотографија, осамна уште една слична, овој пат оф хотелската соба.

„И ова ли е случајно и од незнаење“? – стои во постот покрајнеа на споменатата Инстаграм страница.

Инаку, симболот на двоглавиот орел е провокацијата за Србите, но не само за нив, туку и за некои од нивните соседи меѓу кои и Македонија,  со идејата за  формирање на т.н.  Голема Албанија.

Фото: Инстаграм принтскрин/bunt.svesrbija

 

Останати вести од Радио Милева