Радио Милева
верба, надеж, порака...

Српската фолк легенда и кум на покојниот Тома Здравковиќ е тешко болен и мора да оди под нож: „Ако по операцијата не можам да пејам, немојте ни да ме будите“ (ФОТО)

Српската фолк легенда и кум на покојниот Тома Здравковиќ е тешко болен и мора да оди под нож: „Ако по операцијата не можам да пејам, немојте ни да ме будите“ (ФОТО)

Српскиот фолк пејач Зоран Калезиќ откри дека заболел од рак на белите дробови, а за лекување ја избрал Црна Гора, иако имал пријатели ширум планетата кои можеле да му овозможат лекување каде било во светот.

„Во понеделник одам во болница, имам канцер на белите дробови. Имам пријатели низ целиот свет, би можел да се оперирам каде било. Но, сепак, зошто јас, покрај нашинците и децата кои имаат слични проблеми и кои се лекуваат овде, би се оперирал некаде, зошто би отишол во Цирих, или на било кое друго место?“ – рече Калезиќ.

Тој е свесен за операцијата што следува во вторник, но на овој начин сака да им оддаде почит на домашните лекари на кои им верува.

„Свесен сум за се и операцијата и овојпат сакам да им оддадам почит на лекарите, бидејќи верувам дека ќе направат се’ што е потребно. Не посегнав по лекување на друго место, бидејќи знам дека ќе дадат се’ од себе да ми помогнат. Мојата желба беше да покажам почит кон лекарите со кои контактирам и благодарен сум им за нивната пожртвуваност.

Восхитен сум и повеќе им верувам на оние од својот народ и подготвен сум да им го препуштам својот живот во нивни раце“ – изјави пејачот кој му беше и кум на покојниот колега, сега по филмот за него, одново актуелниот Тома Здравковиќ.

„Гледам дека имаат желба да ми помогнат, но јас им кажав само едно: Не ме будете, ако не можам да пеам по операцијата. Мојот живот е песна, ако ми ја земат песната, тогаш подобро да ме нема“ – изјави тој за „Дан“.

Останати вести од Радио Милева