Мегафон

Спортско радио 90.3 ФМ го носи Новак Ѓоковиќ во Скопје?

Спортско радио 90.3 ФМ го носи Новак Ѓоковиќ во Скопје?

Спортско радио 90.3 фм следниот викенд (7-9 октомври) во Скопје ќе ја собере балканската фудбалска елита како дел од големиот ЈУБИЛЕЈ – 30 години „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“.

Турнирот и оваа година ќе биде несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија меѓу кои и репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Во секоја од селекциите ќе бидат дел од некогашните големи имиња на екс-ју фудбалот, „засилени“ со по некоја естрадна ѕвезда од регионот.

Деновиве траат завршните подготовки и во репрезентацијата на Србија, каде покрај Клинчарски, Саво Милошевиќ и останатите легенди на српскиот фудбал, меѓу ѕвездите на тимот е најавена и големата тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ. Некогашниот светски рекет бр. 1 најавил дека сака да биде дел од тимот на Србија во Скопје, но, сепак, прво треба да ги усогласи своите обврски со настапите на тениските турнири. Во текот на следната недела останува да се почека неговата дефинитивна одлука дали за првпат ќе пристигне во Македонија и ќе биде дел од настанот со кој Спортското радио 90.3 фм ќе го одбележи овој јубилеј – 30 години „Турнир на медиумите во мал фудбал“.